Интензивирани работите на паркот наспроти хотел Липа

 

Со подобрувањето на временските услови интензивно започнаа активностите околу партерното уредување на просторот пред колективните стамбени згради на Бул. „Гоце Делчев“, спроти Хотел „Липа“.

Со партерно уредување на површина од 3000 м2 и со 1000м2 бехатон, ќе се заокружи комплетното уредување на поодалечените центарски парцели. Проектот за градба со партерно уредување на оваа парковска површина е на општина Прилеп и ЈКП „Комуналец“, а идејното решение на проектот го изработи ЈП за Просторно и урабанистичко планирање.

Со реализацијата на овој проект ќе се создаде еден урбанизиран простор во кој ќе можат да уживаат сите граѓани на општина Прилеп.