Пред празниците се прави генералка на градот

 

Со засилени екипи од градежната група, комуналците започнаа генералка на градов со цел ако послужи времето градов да биде комплетно исчистен и измиен до Новогодишните празници.

 Се метат  сите улици од  нафрланата ризла каде е предвидено дневно одржување на улиците, согласно општинскиот оперативен план. Поголеми проблеми на комуналците во работата им создаваат осојните места каде мразот сеуште не е стопен.

Со утврден план и динамика се мијат улиците со цистерна, а започна и рачното миење на централното градско подрачје. Комплетно е измиен плоштадот Александрија, Патеката на славните, плоштадот „Методија Андонов - Ченто“ и Старата чаршија. Зимскиот период е тежок посебно за комуналците, каде по секој паднат снег се пристапува со генрално чистење.

Редовно се одржуваат населбите Точила, Бончејца, Вишне, Таабана, делови од ридарските наслеби и Варош.

Од Комуналец велат дека доколку ги послужи времето и не падне нов снег до Новата Година ќе сторат се градот сеуште да го има приматот за најчист и најуреден град во државава.