Активности во 2007/2008


    ЈКП Комуналец - Прилеп, покрај основната дејност изминативе две години инвестира во подигање на паркови во центарот на градот и изврши Ревитализација на Паркот на Револуцијата. Комуналец гради затворен жардењерски парк на двосмерната „5-та Прилепска“ на површина од 9000 метри квадратни. Покрај ова подигнати се и уредени над 20-тина малски паркови, со богати забавно рекреативни содржини и 15-тина парковски површинисо хортикултурно уредување.

    Со цел заштеда на водата за пиење изврши дупчење на 10 бунари за технолошка вода, за полевање на парковите, за миење на улици, како и за потребите на населбите. Со овие бушотини градот досега има обезбедо над 60-сет лити вода во секунда-технлошка вода.

 

 

     По 20 години ЈКП Комуналец изврши санација на Депонијата Алинци, која е во склад со националната стратегија за управување со отпад. Напревени се пристапни патеки, се вршии етажно депонирање на смет со посипување, оградена е комплетно депонијата, а воедно се врши секојдневно мерење и контролирање на сметот.
 

     Од неодамана ЈКП Комуналец - Прилеп, започна со изградба на Градска Капела. Капелата ке се гради на 1800 м2, со запазени стандарди за вакви објекти и со можност да се изведуваат три погребални церемонии истовремено.


    Воведен  е нов начин на одржување на улиците со Прокетот „Човек улица“ каде се опфатени 30-сетина поголеми градски улици , со што еден човек е задолжен за секојдневно одржување на улицата.

    Единицата Паркови и зленило врши секојдневно одржување на парковите, како и нивно разубавување со нови сезонски цветни расади.

    Одржувачите на чистота вршат миење на улиците, плоштадите и тротоарите.

    Единицата за косење и полевање врши континуирано косење на парковите и зелените површини во наслебите, како и на градската река.

    Големо внимание комуналците посветуваат на дрворедите по сообракајниците ,со што им се продолжува животниот век, а се врши и засадување на нови садници.

    ЈКП Комуналец со инстарлирање на посебни контејнери за различни видови отпад започна да го селектира отпадот, согласно Европските стандаради. Се изградија и две хали за селекција на ПЕТ амбалажа, во механичка работилница и на депонијата Алинци. Се спроведува Прокетот „Собирај ПЕТ за подобар свет“ партнерство помегу ЈКП Комуналец, УСАИД и Локалната самоуправа.

    Во рамките на своите можности расположивата механизација комуналните екипи извршија чистење над 50-сетина диви депонии низ градов и околината.

    Изградени се боксови за заштита на животните и воведена е шинтерска служба.

    Проширена е работата во механичка работилница. Освен одржување на возниот парк, во работилницата со цел заштеда на средства се изработуваат парковски клупи, детски нишалки и контејнери за селкција на отпад.

    Кампањи за подигање на јавната свест кај граганите.

    Завршување со кастрење на двјата по сообраќајниците. (голема операција неспроведена 35 години)

    Отсранување на стари дрвја кои претставуваат опасност за граганите и материјалните добра по барање на опШтинскиот комунален инспекторат.

    Воведување на комплетно чистење на Градските стари и нови гробишта.

     Расадување на постоечките цветни алеи и подигање на нови, со нови сорти на цветен расад.

    Сопствено производство на цвеќе, цветен расад, зимзелени дрвја и грмушкасти растенија.

    Вработените од ЈКП Комуналец  помогаат на барање на граганите во многу населби и населени места со работна рака и сопствена механизација.


    ЈКП Комуналец - Прилеп е фирма од и за граганите и се финасира исклучиво од наплатата на сметките на граѓаните.