Комуналците навремено им овозможија непречено движење на граѓаните

 

Од 5 чесот утрово се чистеше по сите јавно прометни површини за да им се овозможи на ранобудните граѓани и оние кои одат порано на работа непречено движење.

 Со цел да се овозможи подобра услуга, беа ангажирани и дополнителни работници од градежната единица. Навремено беа исчистени плоштадите, старата чаршија , главните улици и улиците каде Комуналец врши дневно одржување.

Проблематичниот, за зимско движење  плоштадот „Александрија“ денеска беше послан со синтелон, со цел минувачите да се чувствуваат побезбедно. Се чистеја и патеките на Старите и Нови градски гробишта кои се под ингеренција за оджување на комуналното претпријатие.

Од Комуналец велат дека со добра екипираност и навремено реагирање успеале да ги задоволат потребите на граѓаните, но и на дуќанџиите и бизнис секторот. Денеска непречено работеше и единицата за селкција на отпад. Поголеми проблеми во подигањето на сметот не се забележани. Редовните релации се навремено сервисирани. Единствено, информираат од Комуналец, доколу се појават одредени проблеми во повисоките места од градов, релациите ќе се подигнат наредниот ден. Од Комуналец ги замолуваат граѓаните да се обраќаат до нив за било кој проблем, а е во нивна надлежност.