Радосен и несекојдневен парк во ОУ„Кире Гаврилоски“

 

На површина од 3200 м2 со 900 м2 бехатон плочки се изведени амфитетрални училници за оддржување на настава на отворено..

Направени се 6 училници со 186 бетонски столчиња со обложување. Засеани се тревнатите површини со богато хортикултурно уредување.

Паркот го красат и разновидните бои кои го надополнуваат амбинетот на весел детско училишtен парк.
Ова е донација од Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ и Локалната самоуправа за учениците, а добиен како награда од кампањата „За поубав и почист град“. Во паркот е инвестирано 1.200.000.оо ден.