По барање на ЕВН„Комуналец“ врши естетско кроење на дрвјата

 

ЈКП„Комуналец“ заедно со екипи на ЕВН вршат естетско кастрење на дрвјата.

На овие дрвја пред 3 години се изврши целосно кастрење, но со оглед на предвидените планови кои ги има ЕВН во спроведувањето на електричната мрежа се изведува ова кастрење. Од Комуналец велат дека се обратиле неколку граѓани кои реагирале до нив на моменталното кастрење, но од таму објаснуваат дека ова кастрење го прават по барање на ЕВН. Моментално се работи на кастрење на младите костени на потегот од Бензиската пумпа на Макпетрол до Гимназијата.

Од ЕВН велат дека на овој потег имаат поголеми проблеми со електричните столбови и доводните жици и додаваат дека кастрењето заедно со Комуналец ќе го извршат сручно и естетски.

Прилеп е  еден од ретките градови во Македонија каде главните сообрајќаници ги красат дрворедите. Од Комуналец додаваат дека водат несебична грижа за ова зеленило, затоа и се одлучиле по сите главни сообрајканици да извршат и окружување на дрвјата со цел да им се овозможи на пешаците непречено и сигурно  движење кои  им го попречуваше поткренатиот асфалт од корењата, а воедно дрворедите да добијат поестетски изглед.