Продолжува изградбата на Градската капела

 

Со површина од 1200 м2 и со сите потребни стандардни градења и елементи за вакви специфични објекти, Локалната самоуправа и ЈКП„Комуналец“ годинава ја продолжија изградбата на Градската капела.

На капалета досега се турени три плочи на две нивоа и изградена до карабина. Моментално завршуваат градежните работи на покривање на капелата. Покрај основните простории пропишани со Закон за градба на вакви специфични објекти во Капелата се предвидени и придружни објекти за продажба на цвеќе, погребална опрема и други дејности. Спред планот предвидено е околу капелата да се изградат посебни приоди за влез и излез, плато, како и хортикултурно уредување.

Досега во Капелата е вложено над  11.000.000.оо денари.Вкупната вредност на објектот е 19.643.807, оо денари.Изведувач на капелата е  фирмата Златана рака.