Населбата Димо Наредникот заслужи да се радува

 

Комуналец во соработка со Локаланата самоупарава ги заврши финалните работи на парковските површини и водените атрактивни придружби кои ќе го освежуваат паркот во населбата „Димо Наредникот“.

Овок парк опфаќа уредување на централниот островски дел на улицата со фонтани, водоскоци и хортикултирно уредување со украсна туја.Просторот пред трите  зградите е со  тревнати површини, уреден со паркинг места за потребите на граганите, бехатон патеки, клупи за одмор, корпи за отпадоци, тревнати површини и хортикултурно уредување. За потребите на населението , а посебно за младите изградено е и спортско игралиште за кошарка, кое може да се користи и за други спортски активности.

Направено е и комплетно осветлување на целата површина со канделабри, додека пак фонтаните и езерцата се со подводно осветлување.

Ископан е бунар со издашност од 6 литри вода во секунда со комплетно поставена водоводна мрежа и пумпни станици. Површината е над  5000 метри квадратни со 1200 м2 бехатон патеки и паркинзи.

Паркот се градеше една година а идејното решение е на Јавното претпријатие за просторно и урбанизстичко планирање.

Со оглед на големиот број на граѓни кои летово го посетуваа паркот кај судот, од Комуналец веруваат дека со изградбата на овој парк ќе ја растерети гужвата која повремено се создаваше во паркот пред основниот суд.