Се работи на улицата Војводинска

 

Летово населбата Точила  доби посебен третман и уредување од страна на Јавното комунално претпријатие Комуналец. Моментално се работи на улицата Војводинска.

Со бетонски жарденјери, многу зеленило и хортикултура изминативе месеци се уредува населбата Точила.

Моментално од јавното комунално претпријатие Комуналец работат на улицата  Војводинска каде се изведуваат градежните работи и се подготвуваат алеите за засејување со трева и уредување со сортни ружи. Со овој потег ќе се заокружи естетското уредување на централните делови на улиците Самоилова и Војводинска.

Покрај ова зависно од времеските услови предвидено е во Точила да се постават ивичници на зелените површини со цел да се заштитет парковите од несовесното пракирање на автомобили. Предвидено е да се постави и урбана опрема клупи за одмор и детски игралишта. Од комуналец велат дека овие планови најмногу ќе зависат од временските услови и градежната сезона.
 
Во населбата со цел да се  одржуваат парковите, ископани се три бунари за технолока вода со пумпни станици и поставена комплетно водоводна мрежа за полевање.

Инаку од пред 4 години воведено е секојдневно одржување на населбата по улиците и зелените површини. Од Комуналец велат дека граѓаните биле  дисцилинирани и последнава година со мали исклучоци и покажувале висока свест кон зачувување на чистотата во населбата.