Три нови бунари за технолошка вода

 

Соочувајќи се летово со високите температури и потребата од повеќе вода за полевање Комуналец интензивно работи на прокетот технолошка вода.

Три нови бунари за технолошка вода ископа јавното комунално претпријатие Комуналец со локации на Градскиот стадион на новиот стадион на Могилата и во централното градско подрачје пред Центарот за култура Марко Цепенков.

Неделава заврши испитувањето на водата на градскиот стадион кој е со издасност од 3 литри и во целост ке ги задоволи потребите за полевање на зелените површини. Овој бунар Комуналец го ископа како донација за Градскиот стадион со цел да помогне во одржувањето на тревнатите површини.

Од Комуналец велат дека подобро било еднаш да вложат во бунар отколку да трошат цистерни со вода за одржување на стадинот кога жештините ја уништуват тревата. Воедно ова е еден добар гест на комуналците за помош и развој на спортот во Прилеп.
 
Во централното градско подрачје во тек е прочистувањето на водата. Овој бунар е со длабочина од 65 метри со издашност од 6 литри во секунда и е планирано мрежно  поврзување со бунарот на плоштадот Александрија кој моментално не ги задоволува потребите на високи температури.

Ископан е и бунар за потребите на новиот стадион на Могилата на длабичина од 85 метри и со идашност од 5 литри во секунда. По увидот дека едниот бунар нема да задоволи полевање и на Могилата и на стадинот комунците се одлучија да ја зголемат количината на технолошка вода на комплексот Могила.

Од Комуналец велат дека иако ова  е скапа инвестицијата, сепак тие ќе продолжат со овој проект кој на подолг рок е доста исплатлив. Со оглед на зголемувањето на зелените и хортикултурните површини во градов Комуналец е упорен во прокетот технолошка вода. Веќе се практикува пред да се започне со изведба на  парковски површини да се обезбедат предуслови со ископ на бунар и поставување на  водоводна мрежа и пумпни станици. Моментално градов се снабдува со техннолошка вода од 17-наесет бунари со издашност од над 110 литри вода во секунда.