Семинар во Крушево

 

Законот за управување од пакување и отпад од пакување обврска за економските оператори и управителите со отпад.

Во организација  на Центарот за развој на пелагонсикиот плански регион во Крушево се одржа семинар за Локалните самоуправи и комуналните претпратија од овој регион. Целта на семинарот беше да се презентираат обврските кои произлегуваат од Законот за управување со  пакување и отпад од пакување , а кои обвсрки се однесуваат на спроведување од страна на Локалната самоуправа, Комуналните претпријатија и економските оператори.

Овој Закон ги обврзува економските оператори на ниво на година 62% од целокупното пакување да прават поврат со рециклирање, во таков случај економските оператори не плакаат ништо. Доколку економските оператори не успеат овој процент да го постигнат ке плакаат двојно од предвидените ставки.

Локланите самоуправи и операторите со отпад се должни да водат евиденција за секој отпад од пакување на ниво на општина , истиот да го рециклираат и уредно да го пријавуваат.

Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина кои мора да ги исполнува пакувањето при негово производство, пуштање на пазар и ставање во употреба и постапувањето со отпадот од пакување што ги опфаќа обврските и одговорностите на економските оператори и другите субјекти кои учествуваат во процесот на производство,пуштање на пазар и ставање во употреба на пакувањето, правилата за собирање, повторна употреба, преработка и отстранување, како и други услови за постапување со отпадот од пакувањето, известувањето и економските инструменти за постигнување на националните цели за собирање и преработка на отпад од пакување.

Во согласност со начелото на одржлив развој, целите на овој закон се:
- да се спречи создавањето на отпад од пакување,
- да се намали количината на отпад од пакување,
- да се намали и ограничи употребата на штетни метали и материи во пакувањето и со тоа да ја намали токсичноста на отпадот од пакување,
- да се спречи или да се намали негативното влијание врз животната средина од отпадот од пакување и да се обезбеди висок степен на заштита на животната средина,
- да се постигне високо ниво на повторна употреба на пакувањето,
- да се постигне високо ниво на рециклирањето и други видови на преработка на отпадот од пакување и намалување на крајното отстранување на отпадот од пакување,
- да се обезбедат услови за воспоставување на системи за враќање, селектирање, собирање, повторна употреба, преработка и рециклирање на отпадот од пакување,
- да се обезбедат услови за воспоставување и развој на пазар на преработка и рециклирање на отпадот од пакување и
- да се обезбеди еднаква положба на пазарот меѓу домашните и странските правни и физички лица и да се избегнат и отстранат трговските бариери кои можат да го нарушат пазарот.