Уредени училишните дворови, а во гимназијата направен и нов парк

 

Комуналците деновиве работеа на оспособобување и чистење на училипшните дворови.

Тие извршија чистење, косење и кастрење на зеленилото. Воедно беше извршено и миење на сите спосртски терени. Поставена се нови корпи за отпадоци и клупи а на дел е извршена нивна реконструкција. Се работи и во гимназијата Мирче Ацев каде се уредува дворот со жардењерки паркови.

Ова се прави со цел на учениците  покрај убавите внатрешни услови кои им се овозможуваат од Локалната самоуправа и Минестерството за образование да  се создадат и надворешни  хортикултурно уредени дворови.

Од Комуналец велат дека иако имаат премногу работа, а и секојдневно им се зголемуваат трошоците тие сепак помагаат во рамките на своите можности.