Спас од летните жеги во паркот кај судот

 

Летово паркот кај судот е најпосетуваното место.

Покрај огромните паркови, Могилата со нова парковска површина од 7 илјади метри квадратни, Петта прилепска со 10 илјади м2, плоштадот Александдрија и 32 малски паркови, паркот кај судот го држи приматот за најпосетуван.

Езерцата, работени од природни материјали, водоскоците, атрактивните пајки и реквизитите за забава за најмладите привлекуваат и младо и старо. Прилепската локална власт и Комуналец можат да се пофалат со условите кои им ги понудуваат на граѓаните да се чувствуваат урбано и пријатно. Своето си го стори и ископот на технолошката вода на 14 локации од кои беспрекорно се вадат и оддржуваат парковите. Впрочем, светска практика е културата на еден народ да се мери по тоа како се оддржуваат парковите и гробиштата.