Се заменуваат корпите со пепелници со нови

 

Со цел да им обезбедат беспрекорни услови за одлагање на отпадоци, да го испочитуваат законот за јавна чистота и да созададат навики кај граѓаните, комуналците работат на менување на корпите за отпадоци со нови.

Дел од корпите со пепелници се уништени , па затоа, комуналцте решија комплетно да ги заменат со нови, а постоечките да ги сервисираат. Ваквата практика на комуналците ќе продолжи во континуитет. Со новата набавка на корпи за отпадоци Комуналец ќе може еднаш годишно да ги заменува сите корпи со цел да се изврши  пребојадисување  и да се направат поправки на оштетувањата.
 
Од Комуналец генерално се задоволни од граѓаните, но и понатаму постојат несовесни и некултурни граѓани кои ја нарушуваат сликата за чист и урбан град. Корпите со пепелници ќе се заменуваат по сите јавно прометни површини и во парковите. Веќе е извршена замена во централното градско подрачје, а ќе се заменуваат со нони во паркот кај судот, на двосмерната Петта прилепска на Могилата во сите 32 маалски паркови и инцидентно поставените корпи по јавно прометните површини.

Инаку изминатиов период поставени се над 300 корпи со пепелници, 400 корпи по сијаличните столбови, 300 нови котејнери за мешан отпад, 140 за селекција на пластика и 120 контејнери за хартија. Со ваквата комунална инфраструктура Прилеп е еден од ретките градови во Mакедонија кој води сметка за своите граѓани да имаат беспрекорни услови и врвна хигиена.