Комуналец ги уредува училишните дворови

 

Комуналец одлучи да му помогне на ОУ „Гоце Делчев“ и да обезбеди подобри услови на дворното место.

Тие извршија чистење, косење и кастрење на зеленилото. Поставена е и урбана опрема, клупи и корпи за отпадоци. Воедно е извршена замена на меремерните и искршени плочи.

Ова се прави со цел на дечињата покрај убавите внатрешни услови кои им се овозможуваат со кинеска донација да се создадат и надворешни дворни услови, со цел, дечињата од ова училиште да ја започнат годината во комплетно нов сјај.

Од Комуналец велат дека иако имаат премногу работа, а и секојдневно им се зголемуваат трошоците тие сепак помагаат во рамките на своите можности.
Од таму апелираат до вработените од училиштата покрај реконструкцијата и реновирањето кое им го овозможува Локалната самоуправа да извршуваат и уредување на дворните површини со озеленување и засадување на хортикултура.

Ваквите акции ке ги поддржат и од комуналното претпријатие, но, велат дека и вработените од училиштата треба да покажат добра воља и да организираат разноразни акции за чистење и уредување на дворните површини со што би се влијаело на подигање на свеста кај дечињата за чиста и уредена животна средина. Впрочем уредувањето на дворовите не чини многу пари, чини само ангажираност, работа и добра желба за подобри услови за сите.

И годинава Комуналец пред почетокот на учебната година ќе им излезе во пресрет на училиштата со косење и миење на училишните дворови.