Градските дрвореди со естетско окружување

 

Комуналец работи на естетско окружување на дрворедите низ градов со бетонски ивичници.

Со оглед на староста на дрвјата пуштените корени ги подигнувнуваат асфалниот дел и претставуваа вистинска опасност за пешаците. Од безбедносни и естетски причини годинава комуналците ќе работат на главните сообраќајници со цел да се добие убав изглед на дрворедите.

Досега е сработен дворедот наспроти поштата и дрворедот на булеварот „Гоце Делчев“. Со цел да ги одмали трошоците за набавка на кружни ивичници и бехатон , Комуналец набави машина за вакви производи и изработува за свои потреби.