Прилепската депонија, рамна како тепсија

 

Прилепската депонија станува пример во Македонија како може да се управува со ваков вид на складирање на отпад.

Освен што отпадот секојдневно се контролира, мери и се вршат анализи се применува и таканаречената директна рачна селекција. Моментално на депонијата се селектира ПЕТ, картон, најлон и лименка, а месецов се планира да започне и селекција на тврда пластика. Со селекцијата  во многу се одмалува кубатурата и се селектираат големи количини на материјали кои  тешко се разложуваат.

Моментално Комуналец селектира околу 12 тони пластика и околу 30- сетина тони хартија. По килограми е незначителна количина, но по кубатура значи многу за продолжување на векот на депонијата.

Инаку,од кога Комуналец набави сопствена механизација неупотребливиот отпад се тампонира и се посипува со 30 сетина сантиметри земја по слој. Се планира до изградбата на санитарна депонија да се одржува во ваква кондиција депонијата Алинци. Преговорите и изработката на деталниот план за управување со отпад ЈКП„Комуналец“ ги води со ЈП„Амиа“ од Верона.