Се мести урбаната опрема во Димо Наредникот

 

Комуналец ги заврши градежните работи околу изведбата на паркинзи во населбата Димо Наредникот.

Комплетно се опфатени со паркинзи предниот и задниот дел на зградите. Воедно завршија градешните работи на езерцата, а во тек е изведбата околу езерото со осветлување, украсен мост и хортикултура.

Се постави и комплетна мрежа за технолошка вода на површина од 8000 м2. Моментално се работи на последната петекa од задните згради, каде комуналец реши да го уреди и овој затскриен простор. Се мести и урбаната опрема клупи, детски реквизити за најмладите и корпи за одпадоци. Се работи и на естетско кроење на грмушкастите растенија и се засејуваат парцелите со нова трева.

Од Комуналец не информираат дека интензитетот на работите во Димо Nаредникот ќе продолжи, иако направиле мал застој со уредување на централното градско подрачје пред Пиво фестот и по него. Во спетември се планира  да започне и уредувањето на десниот дел од населбата Димо Наредникот.