Во Ѓогдере ќе се уредува по технолошката вода

 

Населбата Гогдере конечно ќе добие технилошка вода за наводнување на зелените површини.

Иако централна  станбена насела подолго време на овој простор не се извршени поголеми уредувања. Комуналците се решија на почеток да издупчат бунар со поголема издашност со цел да може да се наводнува тревата и предвидената хортикултура.

Стана практика на комуналното претпријатие да инвестира во технолошка вода, а потоа во уредување на парковите. Од Комуналец велат дека парк без вода не бидува. Затоа пред да започнат со градежно и хортикултурно уредување во Точила 1 инвестираа во бунар со длабочина од 90 метри. Моментално се извршува прочистувањето на водите за да се утврди какава издашност ќе има овој бунар и дали ќе ги задоволува потребите на Точила 3.

Иако скапа инвестиција, комуналците и во најкризниот период се решија на ваков чекор со оглед на најавите за сушните лета кои не очекуваат наредниве 10 години. Покрај сопствената вода која ја имаат комуналците друг мотив со поделбата на двете претпријатија им бил да ги почитуваат светските правила за штедење на пивката вода.

Во Ѓогдере се изведува 14-тата бушотина.