Хортикултурно уреден просторот кај новата катна гаража

 

Со цел да се облагороди просторот ЈКП„Комуналец“ уреди две парцели околу катната гаража.

Се изградија мали подигнати парковски површини со цел да се заштитат од несовесните возачи. Воедно на овие две локации се поставија клупи за одмор и релаксација, корпи за отпадоци и украсни жардењери со цвеќе.

Овој простор иако во центарот на градот подолго време беше запоставен токму заради изградбата на катната гаража.

Од Kомуналец велат дека и граѓаните кои живеат во овој дел заслужуваат да добијат два парка, со цел слободното време да имаат каде да го поминуваат. Со  убавината на изгледот на катната гаража овој простор кој е во централното градско подрачје доби комплетно нов лик. Од Комуналец овој простор секојдневно го оддржуваат и полеваат.

Прв пат се случува граганите од околните куќи да покажат интерес со тоа што самите ги наводнуваат цветните жардењери. Грагани за секоја пофалба!