Италијанците ќе ги достават економските показатели до 15 септември

 

Во работна посета на општина Прилеп и ЈКП„Комуналец“ деновиве беа италијанците од Јавното претпријатие Амиа од Верона.

Градоначалникот Ристески го прими генралниот директор на Амиа Џианпиетро Чиголини. На работната средна присуствуваа директорот Златко Ристески и менаџерот по технички и организациони работи Диего Тести.

На средбата се одлучија двата системи за правилно третирање и управување со отпадот за кои се изработува студија. Одбрани се две варијанти за изградба на  фабрика за преработка на отпад. Првиот модел е со селекција на отпад, одвојување на рециклирачки материјали и издвојување на биоразградлив отпад од кој би се произведувал био гас за производство на електрична енергија кој систем ќе чини 15 милиони евра. Алтернативниот модел е селекција и компостирање кој би чинел од 4 до 5 милиони евра.

Според сите показатели од целокупниот неупотребен отпад би бил од 25 до 30 проценти. За овој отпад двете комунални претпријатија се договорија да градат сопствена санитарна депонија по сите стандарди или како алтернатива овие количини да се носат во регионалните депонии.

Сепак економските  показатели  во септември кога повторно ќе дојдат италијанците ќе покажат точно што би се правело со отпадот во Прилеп. Двете страни се договорија да побараат пари од Европските фондови, но доколку не се успее, Амиа е подготвена да учествува со соптвен капитал процентуално онолку колку што ќе побара општина Прилеп од нив. Ваквите големи и автоматизирани постројки вработуваат од 40 до 50 лица.

Најважното за градов е што веднаш по збратимувањето на Прилеп со Верона се прават месечни контакти со градоначалникот, директорот Златко Ристески и Стопанската комора за влез на странски капитал од Верона во градов.