Комуналците во 4 дена се справија со 300 тони смет

 

Големи количества на разноразна амбалажа, отпад од храна и друго осамна на плоштадите и улиците во градов..

Комуналците мака мачеа да се справат со оставениот и расфрлан отпад. Плоштадот Александрија и паркот Ченто изгледаа како едно големо сметилиште. Глетката за сите беше застрашувачка, а најповеќе за оние кои се задолжени од неубавото да направат убаво. Покрај овие две места купишта ѓубре се изнесуваа од централното градско подрачје. Уништени се зелните површини и цветните алеи. Комуналците прв пат годинава не успеаа до раните утрински часови  градот да е исчистен и испран. Самото тоа покажува колкава била бројката на посетители и колку се зголемила потрошувачката на пијалаци и храна. Од таму произлегува и големата продукција на отпад. Само за 4 те дена Комуналец до депонијата Алинци транспортираше 300 тони отпад.

Поголеми проблеми во работата на комуналците им создадоа и штандовите кои само ги размонтираа своите подвижни ресторани и си заминаа. На ѓубреџиите остана да го сработат и нивниот расфлан смет. Најкритичен ден за комуналците беше утрото по настапот на Цеца. Сепак до доцна на пладне комуналците успеаа со активирање на засилена прва и втора смена градот да го исчистат. Останува за брзо време да се посветат на зелените површини и да ги доведат во првобитната состојба. Најголем проблем ке им претставува тревнатите површини да ги исчистат на начичканите  опушоци и семки од сончоглед.

Од осумте најважни професии без кое не би можело човештвото да опстане сега гледаме зошто комуналната дејност е на првото место.Токму заради тоа што, се што користиме и трошиме доаѓа од некаде во местото на живеење, само ѓубрето се транспортира надвор од градотЗатоа велат аналитичарите, се можеме да си дозволите самите, само ѓубрето мора некој да ни го исчисти и изнесе надвор од градот.