Трет бунар во Точила 3

 

Моментално се копа и третиот бунат во Точила 3 каде е предвидено озеленување на просторот и изградба на паркови со детски игралишта.

Во Точила моментално се ископани два бунари со издашност од 5 односно 7 литри во секунда. Комуналците планираат во Точила три озеленување на просторот и поставување на детски игралишта.

Тоа ќе повлече и користење на технолошка вода за наводнување. Затоа комуналците се одлучија на почеток да спроведат линии за технолошка вода, а потоа да извршат хортикултурно уредување.