Обновени и бојадисани сите маалски паркови

 

Исршени кулупи, украдени корпи за отпадоци, оштетени детски реквизити и други оштетувања беа направени на маалските паркови кои се прпознатлив белег на Прилеп.

Со цел да ги доведе во првобитната состојба месецов комуналците работеа на поправка на урбаниот инвентар и бојадисување на инвентарот.

Од Комуналец велат дека оштетувањата биле големи  но, иако  овие поправки повлекуваат и финасиски трошоци од комуналец велат дека најмногу ги чини работната рака, зашто наместо работниците да се користат за изведба на нови паркови тие постојано работат на поправка на оштетувањата од несовсни граѓани.

Маалските паркови комуналците ги работат со цел граѓаните да имаат свои зелени површини и детски игралишта во своите урбани заедници.
Комуналците моментално работат на поголеми пректи во наслебата Димо Наредникот, во Точила, училишниот парк во Кире Гаврилоски, кај катната гаража и пред поштата. По изведбата на овие проекти најавуваат и започнување со изведба на нови маалски паркови во наслените места и во градов.