Силното невреме ги премори комуналците

 

Силното невреме проседено со голем дожд им создаде големи проблеми на комуналците.

Поројните дождови кои се слеваа од населбата Тризла не го поштедија ниту плоштадот Александрија. Така речи половина од градот пливаше во вода. По дождот песокта, милта и нечистотијата остана на товар на Комуналците. Поплавениот и преполн со разноразно ѓубре плоштадот Александрија само за неколку часа беше доведен во првобитната состојба. Од Комуналец велат дека со добра екипираност и благодарение на работниците кои се јавиле да работат и втора и трета смена централното градско подрачје беше комплетно исчистено.

Директорот  Златко Ристески вели дека го изненадил бројот на работници кои се јавиле да работат и втора смена иако немале ниту минутка одмор. Покрај централното градско подрачје големи насипи од земја, камен и мил  водата донесе и на улиците Раде Иваноски, Тризла, Булеварот Гоце Делчев, Бидимаш, Мице Козар и др. улици.

Со цел да се доведат улиците во ред комуналците работеа и за време на викендот со дополнителна екипираност. Сеуште на одердени улици се собираат наносите и се мијат улиците. Овие активности ке продолжат и во текот на неделава. Од комуналец велат дека штетите се значителни со оглед на дополнителните трошоци кои им ги создаде невремето. Воедно од Комуналец ги информираат граѓаните дека со поделбата на Комуналец и Водовод и канализација двете фирми имаат различни надлежности и ги замолуваат граѓаните да се обраќаат до Комуналец за градската чистота и подигањето на смет. За чистење на шахтите и сливниците надлежен е Водовод и канализација. Оваа информација ја потенцираат од Комуналец со оглед на јавувањата и барањата за чистење на шахтите и сливниците кои граѓаните незнаејќи ги упатуваат сеуште до Комуналец.