Комуналец прави ивичници со цел да ги заштити парковите

 

Парковскиот дел во централното градско подрачје се уредува со ивичници со цел зелените површини да се заштитат од несовесните граѓани.

Овој парковски дел е граден од поодамна и на негово место од Локалната самоуправа најавуваат комплетно нов лик со идејно решение. Оваа поголема активност е планирана за 2112 год.

Дотогаш комуналците решија да извршеат мала измена и заштита на парковската површина. На овој дел е поставена комплетна мрежа за технолошка вода, а летово е активиран и бунарот со издашност од 5 литри во секунда. Воедно е извршено поставување на бехатон плочки на петеките, каде граѓаните природно создале пешачки патеки низ парковските површини.