Италијанци го испитуваат прилепскиот отпад

 

Во работна посета на ЈКП„Комуналец“ престојуваше  делегација од комуналното претпријатие „Амиа“ од Верона, Италија.

Целта на посетата е да се направи анализа на количините и видот на отпадот што моментално го продуцира Прилеп од која анализа ќе се утврди дали ќе се примени метода на согорување за производство на електрична енергија и био гас или ќе се  примени селкција на рециклирачкиот отпад со компостирање и депонирање на она што неможе да се реупотреби.


Директорот Ристески е оптимист и вели дека досега соработката во секој поглед им оди одлично.
-Ги правиме сите анализи како и  економската  оправданост во  соработка со Локалната самоуправа за  да не погрешиме  кој модел би го употребиле Управување со отпад е комплексна работа потребна ке ни биде голема соработка со граганите за да се навикнат да извршуваат  примарна селекција. Секундарната селкција би се вршела во постројката која дополнително би ја утвдрдиле.

Македонија е мал производител на отпад. Недозавршените анализи покажуваат дека отпадот во Прилеп покажува 50 проценти органски отпад и 50 проценти неоргански.  Директорот Ристески најавува дека за брзо време по анализата ќе се направи и физибилити студија и ке се утврди на каков принцип ке се управува со отпадот.

Иако италијаците работат на овој проект без пари, истите доколку сакаат да учествуваат по распишувањето на тендерот ќе треба да конкурираат на сопствениот проект.

Моментално во Прилеп се во просек се создаваат 100 тони отпад дневно. Состојбата со депонијата е многу подобрена. Целосно е санирана и покриена, а во тек се изведбените работи на поставување на електрична енергија и воведување на технолошка вода.

Се спроведува и контејнерска секеција на отпадот со 120 контејнери за Пет и 100 контејнери за хартија. Месечно се слектира 20 тони хартија и од 8 до 10 тони пластика. Најтешкиот дел на прилепските комуналци им престои со обуката на граганите и бизнис секторот  да ги навикнат да селектираат отпад во фирмите и во домакинствата или системот врата до врата.