Топлото време им создава голем проблем на комуналците.

 

Иако за време на светска економска криза, тие се одлучија да ја продолжат активноста за поставување на инсталација, активирање на сите бунари и поставување на хидранти.

Моментално се работи во центарот и во наслебата Точила, комплетно е опфтаена со технолошка вода населбата Димо Наредникот.

Досега во центарот работеше само едниот бунар, со зголемените потреби од вода за наводнување Комуналец го активира и го опреми со потребните пумпни инсталации и вториот бунар. Моментално се поставува линијата за технолошка вода од паркот  Ченто до Хотел Липа и од другата страна од плоштадот до поранешен хотел Скопје. На наколку метри ќе се поставуваат и хидранти за подобра оперативна работа на комуналците.

Инсталација за технолошка вода се поставува и во наслебата Точила. Во Точила 1 комплетно се завршени актовностите, додека во Точила 2 ископани се рововите и се поставуваат инсталациите. Технолошка вода за полевање се користи и во населбата Димо  Наредникот, кај судот и на Могилата на непобедените.

Иако скапа инвестиција, комуналците и во најкризниот период се решија на ваков чекор со оглед на најавите за нажешкото лето досега. Од комуналец велат дека неделава комплетно ќе биде завршено централното градско подрачје, со цел зелените површини повторно да се доведат во првобитната состојба.

Моментално Комуналец има ископано 12 бунари за тех.вода со сопствена инвестиција. Со издашност од 85 лити во секунда. Планирани се годинава да се издупчат уште 3 бунари, а предвидено е со набивање на бунари со мала издашност да се извади вода со пумпни станици на 10 локации во маалксите паркови.