Се поплочува пред поштата

 

Иако во центарот на градот просторот пред поштата не беше поплочен.

Комуналец започна со изведба на бехатон плочки. Се поплочува од Уни банка до подвозникот. По ова  комуналците ќе започнат со целосна реконструкција на површините пред поштата.

Овој простор е граден пред 20-сетина години. Од тогаш не се извршени никакви поправки.

Со рeновирањето на овој простор комплетно ќе заврши уредувањето на поширокото градско подрачје.