Се уредува просторот кај катната гаража

 

По завршувањето на градежните работи од страна на инвеститорот на катната гаража, ЈКП„Комуналец“-Прилеп го уредува просторот.

На две локации ќе се уредуваат паркови со патеки, зелени површини и парковски клупи.

Овој простор иако во центарот на градот подолго време беше запоставен токму заради изградбата на катната гаража.

Со изведбата на овие две парцели сиот простор ќе се култивира. За брзо време се очекува и дислокација на авотобуската станица со што овој простор ќе добие комплетно нов лик.