Езерца, паркинзи и технолошка вода

 

Комуналец ги заврши градежните работи околу изведбата на паркинзи во населбата Димо Наредникот.

Комплетно  се опфатени со паркинзи предниот и задниот дел на зградите.

Воедно завршија градешните работи на езерцата, а во тек е изведбата околу езерото со осветлување, украсен мост, и хортикултура. Се постави и комплетна мрежа за технолошка вода на површина од 8000 метри квадратни.

Се очекува комплетната изведба на фонтанскиот дел, осветлувањето и поставувањето на урбана опрема да заврши до престојниот Пиво фест.