Акција за селекција на отпад во прилепската болница

 

Општата болница „Борка Талески“ е меѓу ретките здравствени установи во државава која ќе започне со селекција на мешан, медицински отпад и пет амбалажа.

При денешната посета на болницата од страна на градоначалникот Марјан Ристески и директорот на ЈКП „Комуналец“ Златко Ристески беше истакнато дека во насока на логистичка и техничка помош, донирани се педесет канти за отпад, од кои  по дваесет се за мешан и медицински отпад, а останатите десет за селекција на пет амбалажа.


Спроведувањето на една ваква акција е во насока на креирање чиста средина во самата болница истакна директорот на болницата, Илија Богатиноски.


Градоначалникот Ристески, додаде, дека во насока на подобрување на условите за работа во самата болница, општина Прилеп ќе постави асфалт на предниот дел од зградата на болницата каде ќе биде сместен Ургентниот центар.

Од ЈКП „Комуналец“, сметаат дека со ваквата акција ќе се зголеми свеста кај самите граѓани кои ја посетуваат болницата за заштита на околината и правилно одлагање на отпадокот.

Спроведувањето на ваквата акција е во согласност работната верзија на Законот за управување со отпад во болниците. Според тоа, од болницата сметаат дека за брзо време ќе започнат и со селекција на хартија, а воедно самата акција ќе ја подобри чистотата во оваа здравствена установа.