Комуналците го оддржаа традиционалниот турнир

 

Во спортска и коректна атмосфера и  годинава Комуналците го одржаа традиционалниот турнир во фудбал на Могилата на непобедените

Освен што го изградија овој прекрасен спортско рекреативен центар, комуналците го користат и за рекреативни цели. На годинешниов турнир по принципот секој со секого се натпреваруваа екипите на  Паркови и зленило, Подигачи на смет, Стари и Нови гробишта и екипата на Премер и катастар.

Победник на турнирот беше екипата на Подигачи на смет, а Камчески Сотка беше прогласен за најдобар капитен на оваа екипа. За најдобар голгетер комуналците го избраа Маркоски Сотка, за нај фер плеј играч наградата ја понесе Јовица Талески од Нови гробишта а за најдобар судија на турнирот беше избран Сафет Јашароски.

Од Комуналец  апелираат до сите стопански субјекти во градов да ја користат Могилата за рекреативни цели со цел да се создава социјализација и дружење помеѓу вработените. Турнирот го подржаа Прилепската Пиварница,  Синалко, Кофи Ангел, конфекцијата Моника и Матадор.

Турнирот заврши со заедичка дружба на вработените. Со ова Комуналците уште еднаш покажаа дека само со дружење и заедништво може да се постигнуваат успешни резултати како во спортот така и во комуналната дејност која ја работат, а која без исклучок го опфаќа целиот град.