Чистење на теренот околу вештачкото езеро

 

Учениците од Прилеп и комуналците во акција за чистење на теренот околу вештачкото езеро.

Ученици од Средните општински училишта и Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ со организирана акција и во соработка со Локалната самоуправа исчистија големи зелени површини околу вештачкото езеро.

Опремени со заштитни нараквици учениците се потрудија да ги наполнат вреќите со разноразни отпадоци. Децата имаа можност и да собираат ПЕТ амбалажа во Џамбо вреќи.

Од училиштата велат дека учениците треба почесто да излегуваат во природа со цел да се обучуваат како треба да постапуваат со животната средина.
Комуналците и понатаму апелираат до сите излетници со нив да носат пластична кеса. Употребената амбалажа да ја соберат и на враќање по убаво поминатата прошетка или излет да ги остават кесите во градските контејнери.