Патеката на славните и ЦК„Марко Цепенков“ хортикултурно уредени

 

Комуналците на барање од градоначалникот Марјан Ристески деновиве работеа на партерно и хортикултурно уредување  пред ЦК„Марко Цепенков“.

Сите жардењери се уредија со зимзелени, грмушкасти и цветен расад. Годинава планирани се нови сорти сезонско цвеќе. Ќе се засадува Гератум, Петунија, Флоте, Далија, Газанија Лола и Винка.

Граѓаните задоволни од заложбите на комуналците. Од Комуналец најавуваат дека годинава ќе обрнат поголемо внимание на цветното уредување заради убавината на градот, но и заради 200 илјадите гости кои се очекуваат да пристигнат за Пиво фест.