Полни раце работа

 

Со пролетта и оболните дождови за комуналците се создадоа полни раце работа.

Но, комуналците конечно можат да здивнат. При крај е првото косење  на скоро сите зелени површини. Неделава ке се заврши и косењето на градската река по што треба да се косат проблематичните делови од мостот Димо Наредникот кај Борка Левата и накај градскиот стадион. Со цел да се постигне ред во косењето Комуналците беа ангажирани и дополнителни часови. Уредени и искосени се и поголемите населби Точила, Димо Наредникот и Ѓогдере, Аличаир, станбениот блок на улицата Будимаш и Типската населба.

Се планира нареднава недела да се искосат и ромските гробишта и гробиштата во Варош.

Од Комуналец велат дека годинава имаат дополнителна работа со оглед на врнежливата пролет и им ветуваат на граганите  и годинава да очекуваат врвна чистота на сите зелени површини.

Паралелно се врши и естетско  короење на дрворедите и парковските дрва.

На барање од граганите а со одлука на општинската комисија за сечење дрвја, се сечат и одредени проблематични дрвја или се врши поголемо кроење.

Од Комуналец ги повикуваат граганите да се обракаат до Комуналец, за секоја работа која сметаат дека треба да ја сработат комуналците, а која е на јавно прометните површини.