Децата од градинските се учеа да засадуваат сезонско цвеќе

 

Со цел да им помогне на градинките во разубавувањето на нивните дворови ЈКП„Комуналец“ -Прилеп од сопственото производство  им обезбеди цветен расад и зимзелени растенија.

Дечињата се учеа како се засадува цветен расад и како треба да внимаваат на цветните алеи во градот. Ова е дел од кампањата која ЈКП„Комуналец“ ја практикува со најмладата популација со цел да влијае за зачувување на животната средина.

Инаку, ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, редовно ги помага градинките со косење на тревата, засадување на разноразни растенија и кроење на дрвјата.