Потпишан Меморандум за соработка помегу Амиа и ЈКП„Комуналец“

 

По потпишаниот договор за соработка помеѓу општините Верона од страна на градоначалникот Флазио Този и Прилеп од страна на градоначалникот Марјан Ристески, потпишан е и меморандум за соработка помегу Комуналната фирма „Амиа“ од Верона и ЈКП„Комуналец“.

Меморандумот се однесува на изработка на проектна документација и физибилити студија за Управување со отпадот на територијата на општина Прилеп, од страна на двете фирми.

Наредниов период двете фирми се обврзаа да работат на испитување на количините, структурата на отпадот и хемиско биолошкиот состав. Да се утврди колку од отпадот може да се реупотреби, односно да се рециклира. Да се испита можноста биоразградливиот отпад да се употребува за компост и да се утврди крајниот процент на отпад кој неможе да се преработи и колку количина треба да се депонира. Подготвување на техничко, технолошките и финасиките потреби за реализација на прокетот и др.

Целта на Амиа е да воспостави  почетна соработка во делот на изготвување на технички податоци, а воедно да се промовира на ниво на Македонија и пошироко како фирма со искуство, стручност и знаење во делот на Управување со отпад по европски стандарди. Двете фирми по изработката на проектот немаат никаква обврска да продолжат со понатамошна соработка, доколку не најдат заеднички интерес.

По повод оваа значајна соработка и збратимувањето со Верона, во Локалната самоуправа беше оддржан прес, на кој новинарите беа запознати со сите идни планови на ниво на општината Верона и Прилеп. На пресот градоначалникот Ристески истакна дека соработката со Амиа е само една иницијална каписла. Соработката на двете општини ке се однесува и на економска, културна и спортска соработка.

Следната средба на овие две општини ќе се случи за Пиво фест, кога градоначалникот од Верона ќе допатува со поголема бизнис делегација од Италија.