Мажучиште

Пуштенo во употреба новото детско игралиште во с.Мажучиште.

     На задоволство на најмладите, пуштено e во употреба детското игралиште во с.Мажучиште. Средствата за изградба на детското игралиште во кој е предвиден и забавен парк ги обезбеди Локалната самоуправа и ЈKП„Комуналец“.

 

 

Градоначалникот, Марјан Ристески, истакна дека Локалната самоуправа и ЈКП„Комуналец” ќе продолжат со градење на паркови и зелени површини секаде каде што има потреба. Исто така најави дека во блиска иднина на задоволство на децата и жителите од ова село ќе биде изградено и спортско игралиште за фудбал, ракомет и одбојка. Вакви малски паркови Комуналец изгради уште во неколку наслени места..