Во ОУ„Кире Гаврилоски“ парк на 3.500 м2

 

Започна изградбата на паркот во ОУ„Кире Гаврилоски“.

Паркот ке го гради Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ во соработка со Локалната самоуправа. Овој парк ќе биде на површина од 3.500 м2 со поплочување од 1000 м2, со посебни амфитеатри за следење настава на отворено и хортикултура.

Самата специфика на идејното решение ке претставува атракција како за учениците, така и за граѓаните.

Паркот ке биде пуштен во употреба за два месеци. ОУ„Кире Гаврилоски“ овој парк го доби како награда од Локалната самоуправа и Комуналец зашто беше одбрано за најуредено и најчисто училиште во кампањата „За поубав и почист град“.

Идејното решение на е на ЈП за ПУП. Заради спецификата на изградбата и придружните елементи овој парк според првичните пресметки Ќе чини 14 илјади евра.