Четворица прилепчани Управители со отпад

 

Деканот од Технолошкиот факултет, проф.доктор Александар Димитров со пригодна свеченост ги додели дипломите на 38 македонци со звање Упарвители со отпад.

Од нив четворица прилепчани директорот на ЈКП Златко Ристески, Лилјана Силјаноска, Ане Лашкоска и Габриле Златеска, успешно ги положија испитите во организација на фондацијата Вили Брант од Италија и Светската банка.

Со новата законска регулатива во делот на Управување со отпад, Министерството за животна средина предвидува вработените да го имаат положено овој сертификат.

Со оглед на намањето на вакви кадри на ниво на Македонија, Технолошкиот факултет од годинава воведе и нов смер, со цел државава да биде подготвена и со вакви кадри. Планските, програмските и законските обврски и на општините и на Јавните претпријатија мораат да бидат во склад со Европските нормативи, затоа перспективите во овој сектор за идните студенти кои ќе се одлучат за Технолошкиот факултет ке бидат големи.