Комуналците ангажирани низ целиот град.

 

Продлжуваат градежните и изведбените работи во населбата Точила.

Се работи на третата парцела под ученичкиот дом Орде Чопела каде се гради подигнат жардењерски парк. Од Комуналец велат дека работата ќе ја завршат за една недела, а истиот ќе биде засаден со украсна туја.

Од друга страна многу постари парковски површини се обновуваат со засејување на нова трева или пак се доуредуваат со хортикултура. Предвидено е околината околу езерцата кај Основниот суд и на Могилата да се засадат со жардењерски водени растенија, моментално се перат и дезинфицират сите фонтански и водени површини.

Од Комуналец и Локланата самоуправа апелираат до граѓаните да се зачувува се што е за општо добро за сите, со цел да се постигне поголема култура и свест за животната средина. Несовеста на граѓаните доведе до 68 украдени туји само во една недела.