На Денот на планетата Земја се засади двосмерната „Димо Наредникот“

 

Комуналците со цел да го одбележат Денот на планетата земја ја засадија со разноврсна туја жардењерата во населбата Димо Наредникот.

Градоначалникот Ристески ги посети вработените од Комуналец и граѓаните од оваа населба со цел да ги запраша граѓаните дали имаат некоја своја идеја која би се вклопила во паркот.

Беа засадени над 300 садници, а на овој парк започна и изведбата на езерцата кои ќе бидат сместени на средината од паркот.

Се очекува месецов да проработи и фонтанскиот дел по средината од улицата.