Од тујите во Точила осамнаа само дупки

 

Од преубавата двосмерна Самоилава во Точила каде се изгради подигнат жардењерски парк, а просторот се оплемени со туја и хибискус на Денот на планетата земја, осамнаа дупки.

Преку ноќ извршена е кражба на 15 туји во Точила и 18 туја розенталис во центар од паркот кај саатот и цветната улица. За штетата да биде уште поголема украден е и еден контејнер од 2 метри кубни за собирање на хартија.

Од Комуналец  и од Локалната самоуправа велат дека неможат да се справат со ваквите секојдневни појави и згрозени се од несовеста на поедини граѓани кои посегнуваат по општите добра за сите граѓани.

Со почетокот на пролетта вработените во ЈКП „Комуналец“ активно работат на хортикултурно уредување на голем број нови парковски површини како и корекции на веќе постоечките, со цел чиста и уредена околина.

Со цел да се избегнат вакви последователни настани од ЈКП „Комуналец“ апелираат до граѓаните да не се прават штети на хортикултурно уредените парковски површини. Од Комуналец сметаат дека овој апел ќе влиае на развојот на свеста кај несовесните граѓани кои намерно или ненамерно ги зеле садниците, се со цел во иднина де не се случуваат вакви настани.

Денеска се изврши ново засадување на местото на украдените украсни растенија во Точила.