Во населбата „Димо Нареднико“ се уредува парковската површина

 

Продолжија градежните работи околу изградбата и уредувањето на паркот во населбата Димо Наредникот.

Покрај големината од парковски површини и детски игралишта во населбата Димо Наредникот се гради и централниот дел на улицата. Тој ќе опфаќа фонтански дел, хортикултурно уредување и осветлување по целата површина во должина од 800 метри. Поплочени ке бидат 1500 м2, а под зелени површини  и хортикултурно уредување 3500 м2.

Градоначалникот Ристески истакна дека станува збор за површина од над пет илјади метри квадратни, од кои илјади и петстотини метри квадратни се поплочени со бехатон плочки уредени во патеки за движење, а останатиот дел е зелена површина која ќе биде збогатена со урбана опрема, езерца и богато хортикултурно уредување.

Со ваквиот зафат на Локалната самоуправа и ЈКП „Комуналец“, урбано ќе се осовремени овој простор.

Досега се завшени бехатон патеките, одводот и доводот за фонтанскиот дел, поставено е осветлувањето и извешено е поставувањето на водоводна мрежа кое е поврзано на ископаниот бунар за технолошка вода. Продолжува естеткото уредување.

Покрај средувањето и урбанизацијата на просторот во населбата Димо Наредникот, ќе се продолжи со гардежни активности и уредување на целиот просторот до зградата на Основниот суд.