Се чисти и во околината на Прилеп

 

Комуналците викендите ќе ги користат да се исчистат неколку локации кои за време не изминатиот зимски период се натрупани со разноразен отпад.
Во саботата се чистеше поголема депонија кај манстирот СВети Димитрија, а во неделата комуналците имаа акција за чистење на диви растенија и шипови со заедно со кајакарскиот клуб од градов на вештачкото езеро.

Целта на Комуналец е покрај во градов да созаде чиста животна средина во околината, а воедно со остварените комуникации да се допринесе со обука за правилно третирање на отпадот.
          
Од Комуналец апелираат до сите грагани кои имаат викендици околу градов да внимаваат каде го исфрлаат отпадот. Собраниот отпад викендашите препорачливо е да го соберат во најлонска црна кеса и да го одложат во контејнерите низ градов.

Зедничка заложба на Локалната самоуправа и Комуналец е да созадад чиста, уредена животна средина и ги замолуваат граганите да им помогнат во заложбите.