Идните правници во посета на комуналците

 

По иницијатива на професорите од СОУ„Кузман Јосифоски - Питу“, а со цел да им овозможат на учениците да се запознаат со модел на добро организирана фирма беа во посета на ЈКП„Комуналец“.
Директорот Златко Ристески со рекламен материјал и со големо гостопримство ги прими  учениците.

На средбата стана збор за беспрекорната организација на фирмата , за слекцијата на отпад и за уредувањето на градот. Учениците најголем интерес пројавија за ПЕТ проектот кој во Прилеп функционира беспрекорно.