Уредување на жардењерскиот парк во Точила

 

Хортикултурно се уредува подигнатиот жардењерски парк во населбата “Точила„
Во населбата „Точила“ вработените од ЈКП „Комуналец“, активно работат на хортикултурното уредување на подигнатиот жардењерски парк на ул. „Самоилова“. Со 500 садници од хибискус и туи, ќе се збогати зеленилото на овој потег кој воедно ќе го зголеми естетскиот изглед на сообраќајницата а воедно и на населбата.

Станува збор за површина од над четири илјади метри квадратни, зафат на ЈКП „Комуналец“ и Локаната самоуправа.
Според информациите од ЈКП „Комуналец“ за годинава, планирано е да се градат парковски површини во населбата „Точила 3“, и да се обноват постоечките во населбите „Точила 1 и 2“.

Исто така планирана е изградба на парк на булеварот наспроти хотел „Липа“,  со што овој дел од плоштадот Александрија до паркот кај зградата на Основниот суд ќе претставува една целина  со различни содржини. Предвидена е изградба и неколку малски паркови како во градов, така и во населените места.