Комуналец направи генералка во градов

 

Комуналците изминативе 20 сетина дена работат на генерално чистење на градов
Се мијат сите улици со силен млаз за да се исчисти се што зад себе остави зимата, а во ноќните часови се поминуваат централните улици со предни млазници.

Воедно на  сите парковски и зелени површини се прави и првото косење. Паркот на Могилата е подготвен за сите посетители кои слободното време го поминуваат со прошетки. За спортистите подготвени се терените, а воедно ќе се обновува и трим патеката со нов слој на тампон. Искосена е и уредена и двосмерната Петта прилепска, а во тек е косењето на градската река.

Од наредната недела ќе се засадуваат нови грмушкасти и зимзелени растенија со цел да се обноват и освежат парковите. Ќе се засадува на цветната патека каде поголем дел од растенијата се украдени. Дел од садниците Комуналец ке ги обезбеди од сопствените оранжерии, а останатиот дел ќе ги набави.

Од Комуналец ги замолуваат граѓаните да внимаваат на се што е направено за општо добро за градот и граѓаните.