Започна пролетното кроење

 

Со убавото време комуналците ги интензивираат работите.

Започна кастрењето на проблематични дрвја и естетското обликување. Комуналец оваа актовност ја спроведува по налог на Општинската комисија за сечење дрвја на јавно прометни површини.

Кастрењето започна од  централното градско подрачје. Се работи за неколку проблематични дрвја кои се стари по повеќе од 30 години, а на некои од нив им е заболена срцевината. Но со оглед на убавата сенка која ја создаваат, комуналците ке извршат само делумно кастрење без да се пресечат до корен.Ова е одлучено заради навиките на граѓаните и убавата сенка, а воедно и да не се создадат непотребни реакции.

Но сепак од комисијата велат со ова кастрење само делумно ќе им се продолжел векот на дрвајата. Планирано е да се обликуваат сите дрвореди, ќе се кастри и во наслебата Димо Наредникот, на Могилата, во населбата Точила, на Новите градски гробишта и на други локации. Ќе се сечат и неколку проблематични дрвја по пријава од граѓани.

Од Комуналец информираат дека само по налог на општината ја извршуваат работата, а за секој проблем кој го имаат со дрвја кои исклучиво се засадени на јавно прометни површини надлежна за донесување одлука е Општинската комисија. Граѓаните слободно во секое време можат да достават барање до општинската комисија која излегува на терен и ја констатира состојбата. Иако скапа операција од комуналец веруваат дека годинава конечно по три годишни заложби ке воведат ред со градските дрвја на кои изминатиот период воопшто не им се посветувало внимание.